„Анимирана ликовна авантура“ - работилница за деца во Куманово
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре од 11 до 14 часот ќе организира ликовна работилница „Анимирана ликовна авантура“, на која ќе учествуваат деца од шест до дванаесет години.
Под менторство на академски ликовни уметници, во фоајето на Центарот за култура децата ќе цртаат омилени ликови од анимираните филмови. Целта е да стекнат основни знаења за изработка на цртежи и да им се поттикне креативниот дух.
- Оваа е прва работилница од ваков карактер. Во наредниот период месечно ќе се одржуваат вакви работилници на различна тема, а ќе бидат вклучени ученици од основни училишта и наставници по ликовна уметност. Целта е да се поттикнат учениците да цртаат и творат под менторство на стручните лица од установата и нивните наставници, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.
Установата ќе обезбеди четки, палети и други потребни материјали со кои ќе работат децата, а на учесниците ќе им бидат врачени благодарници. Цртежите ќе бидат претставени во изложбениот простор.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис