Фудбал
13. March 2019 - 18:14

Aнгеловски повика 23-ца фудбалери за стартот на квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат нови квалификации кои ќе стартуваат овој месец.
Прв противник во обидот да се стигне на ЕП 2020г е селекцијата на Летонија која гостува на 21.март.  На списокот на селекторот Ангеловски за оваа средба и гостувањето во Словенија 3 дена подоцна се проверени фудбалски имиња. Повратници се Дарко Чурлинов, Дарко Велковски и Кире Марковски додека поради повреда ќе отсуствува Аријан Адеми. На повреди се жалат и Иван Тричковски и Стефан Спировски но тие ќе одат на преглед кај лекарскиот тим.
Подготовките ќе стартуваат на 18-ти март во 12ч.