-->
-->
Ангелов: Пожарот е под целосна контрола, очекуваме во наредните неколку часа да биде сосема изгаснат
-->
Пожарот е под целосна контрола благодарение на силната интервенција на противпожарните единици од Тетово, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, благодарение на армискиот и полицискиот хеликоптер, но ивработените и други граѓани кои помогнаа во пренесувањето на горливата материја со виљушкари, кажа Стојанче Ангелов, директор на ЦУК за Сител.
Како што информираше Ангелов се очекува пожарот да биде целосно изгаснат во текот на наредните неколку часа.
- Очекуваме во текот на наредните неколку часа пожарот да биде сосема изгаснат. Овој црн чад не е показател за силината на горење, односно сега пламенот е многу послаб, темепратурата е падната за разлика од она што се случуваше во текот на денот, изјави Ангелов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа