Андреас Шојер: Македонија е важен партнер за Баварија и Германија
Интензивирање на партнерството со Република Македонија, подобрување на економската соработка и соработката на полето на надворешната политика се целите на кои што ќе работат Германија и Македонија, најави генералниот секретар на баварската партија ЦСУ, сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Меркел, по средбата со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ.
- Македонија е важен партнер за Баварија и Сојузна Република Германија. Разговаравме со делегацијата од Р. Македонија како да го интензивираме партнерството. Најпрво, со пријателите од Македонија би сакале да организираме економски Форум во Баварија и се надеваме дека и понатаму ќе соработуваме на полето на надворешната политика. Се соочуваме со големи предизвици и сакаме да и дадеме перспектива на Македонија во иднина. Македонија спроведе неверојатно многу реформи и Баварија е стабилен партнер на Република Македонија, изјави Андреас Шојер, генералниот секретар на ЦСУ во германскиот Бундестаг.
Според Шојер, Македонија е дел од Европското семејство, направила многу за време на бегалската криза и спровела многу од европските реформски зафати.
- Македонија има апсолутна перспектива во ЕУ. Баварија гледаше како Македонија се справи со мигрантската криза и затоа се чувствуваме и обврзани и почитуваме што политиката во Македонија спроведе суштински реформи во име на интеграциите на Европа. За мене, Македонија е дел од европското семејство. Баварија има интензивни контакти со Македонија кои ќе продолжиме да ги одржуваме и понатаму, изјави Шојер по средбата со делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ, јави дописникот на МИА од Берлин.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава