Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови.
-Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и повеќе време за работа и развој - вели министерот за дигитална трансформација.
Андоновски посочува дека дигиталната трансформација има вистинска вредност кога институциите стануваат поефикасни, а услугите подостапни за граѓаните и компаниите.
МИА
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
