Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. Најмногу заболени се пријавени во Скопје, а 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години.
Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека најголем број на заболени се пријавени во Скопје - 515, Битола - 236 и Куманово - 203, Струмица 166, Гостивар 141, Тетово 137, Штип 137, Велес 135, Свети Николе 125, а во останатите градови бројот е под 100.
Возрасната дистрибуција покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години - 1465 случаи.
- Во однос на возрасната дистрибуција 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години, 550 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 297 пријавени случаи кај деца на вораст од 0 до 4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години, рече Андоновска.
Дополни дека во текот на оваа недела, во три извештајни единици (Дебар, Кратово и Свети Николе) е регистрирана многу висока активност на вирусот.
Вкупниот број на случаи на грип оваа сезона изнесува 19 944, што е зголемување од 49 отсто во споредба со минатата сезона. Регистрирани се четири смртни случаи, од кои последниот е жена над 65 години со коморбидитети.
Препораките од ИЈЗ остануваат исти, да се следат мерките за превенција и изолација.
-Препораките од ИЈЗ се истите да се следат сите оние препораки за превенција од грип и нормално оние кај коишто веќе дијагностициран грипот да остнат дома, во своите домови, да с еизолираат колку можат повеќе да не бидат во кнтакт со своите блиски особено доколку во нивните семејства живеат луѓе коишот имаат мали деца. И да се почитуваат сите препораки коишто ги има Институтот и сите надлежни институции, вели таа.
Ново на Сител
-
Незаконско посвојување на дете за 5.000 евра: Мајката со потпис на нотар го предала старателството
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Македонија стана членка на СЕПА
-
Лицата со дијабет бараат државата да им обезбеди квалитетни сензори, глукомери и ленти за мерење шеќер во крвта
-
Мерко пред Струшкиот суд за поставување директори во основни училишта
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно