Анализа: Собранието функционира на работ на кворум
Точно една година откако овие пратеници седнаа во собраниската сала, а владејачкото мнозинство успеа да гласа само за 20 тина закони и одлуки. Статистиката покажува дека се работи за еден од најбавните парламентарни состави. Од 27 седници кои се отворени овој период, како незавршени се водат дури десет. Собранието гласа на јуриш кога ќе се обезбеди потребниот кворум, со посебни денови за гласање.
Токму денешниот ден во паралементот беше опишан како ден за гласање. Беа закажани дури пет седници една по друга. Некои од нив почнати уште во август. На овие седници се интерпелациите за четворица министри предложени од опозциската ВМРО-ДПМНЕ.
На ред за гласање никако не можат да дојдат и десетина законски измени предложени или од Владата или од парламентарното мнозинство. Таков е законот за пушење, но и реформиските закони од правосудството. Но, гласање денеска не се случи. Седниците без образложение се одложени. Ова ќе биде четврто по ред нивно презакажување, второ за два дена.
Зошто овој состав на Собранието во секое време не може да обезбеди присуство на минимум 61 пратеник во салата? Дел е поради тоа што за некои точки се чека во салата да влезат и опозициските пратеници. Но имајќи го предвид тесното парламентарно мнозинство независно дали претходно со двајцата пратеници на Зијадин Села, или пак, сега со Чедомир Саздовски и Амбди Бајрам, јасно е дека отсуството и на еден пратеник од власта го спречува гласањето на законите.
За голем дел од точките на дневен ред не само што е потребен кворум кој може да се постигне и со опозициски пратеници, туку потребно е да се обезбдат и 61 глас „ЗА“.
Впрочем од истите причини, а за првапат во парламентарната историја, Собранието речиси една година работи и без потпретседатели. Долго се чекаше и на изборот Љубомир Јовески за јавен обвинител. Но дури и кога се одеше на договорена варијаната на обезбедни гласови, гласањето успеа дури во третиот обид. Амбди Бајрам тестираше колку значаен е неговиот глас во фомирањето на новото мнозинство, по што интегративците беа приморани на работа да ја донесат и болната пратеничка.
Статистиката покажува дека од 1 јуни кога ефективно почна да работи Собранието до локалните избори почнала процедура за донесување на 43 закони и законски измени. Сепак парламентот успеал да гласа само за половина. И тоа биле прифатени 14 закони, додека одбиени се три.
Пред оваа очекувана серија од пет седници, како ден за гласање може да се смета и 1 јуни. Тогаш беа донесени дури третина од сите закони кои се донесени до септември. Месец оц кој најмногу се гласало е септември. Тогаш се донесоа шест закони што се должи на предизборието за локалните избори. Законите беа од социјалната сфера и беа предложени од пратеничката група на СДСМ.
Над 80 отсто од законите се донесени по скратена постапка, додека само еден закон бил донесен во редовна процедура.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
