Македонија
30. March 2023 - 21:15

Анализа: Дали со донацијата на авионите и тенковите се менува стратешката формација на АРМ?

Првин да се набават нови, па дури потоа земјава да ги донира хелихоптерите.. Ова е ставот на поранешниот началник на Генералштабот, Горанчо Котески по одлуката на македонската влада да ги донира на Украина воздухопловите „Ми“.. Вели, иако леталата се стари речиси четири децении, сепак државата не треба да се остави без хелихоптерска единица.

„Поголемиот дел од хелихоптерите се со изминат ресурс и за голем дел од хелихоптерите не постојат резервни делови. Не навлегувајќи во политичката одлука за донација на хелихоптерите, би сакал да нагласам, она што е важно од воен аспкет, треба да се води сметка за борбената готовност на армијата и притоа, мислам дека прво треба да се набават други нови, односно одредени хелихоптери како замена, особено на хелихоптерите кои се во оперативна готовност“, вели Горанчо Котески, поранешен началник на ГШ.

Иако во иднина македонските хеликоптери ќе летаат во Украина, тоа нема да ја промени одбранбената позиција на земајва, смета воениот аналитичар Милан Стефаноски.. Појаснува дека тие ќе бидат заменети со нови летала, а членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата.

„Борбената готовност во никој случај нема да биде загрозена од два аспекти. После таа донација, ние очекуваме набавка на осум нови воздухоплови и од друг аспект, како челнка на НАТО, борбената готовност треба да биде на ниво, но никогаш нема да биде прашање на опстоење бидејчи членот 5 ни гарантира соодветна безбедноста политика“, вели Милан Стефаноски, Воен аналитичар.

Претходно, земјава ја помогна Украина со авиони сухои и тенкови Т-72, но надлежните не открија колку парчиња се донирани. Во меѓувреме земјава доби американски оклопни возила, а како што информираа од Министертвото за одбрана, во период од една година, Соединетите Американски Држави, ја поддржале македонската армија со стотина милиони долари.

„Генералшатабот води сметка за набавка на нови средства, хелихоптери кои ќе ги обезбедат оние капацитети кои се потребни како НАТО членка“, вели Котевски

„Ние кога се ослободивме од тенковите, односно ги дониравме во Украина, ние имавме компензација, донација од Американската арамија од 150 милиони долари“, појаснува Стефаноски

Според познавачите, со донациите, земјата вусшност го исполнува планот за модернизација на македонската армија во согласност со НАТО системите.