Македонија
19. November 2019 - 16:49

Анализа: Дали на македонското судство му треба ветинг?

Без ветинг на судии и јавни обвинители Македонија не може да спроведе суштински реформи во судството. Политичките и прваните аналитичари се едногласни, ветингот е неопходен процек кој требса да се спроведе час поскоро, а не да се актуелизира само пред избори.

И Незири и Нанев велат дека Македонија може да го следи примерот на Албанија каде процесот на проверка на имотот, интегритетот и капацитетот на судиите и јавните обвинители се спреоведува веќе 3 години.

Сметаат дека ветингот ќе даде позитивни ефекти дури и ако го намали бројот на професионалци во оваа сфера.

Со ваквиот став сепак не се согласува првиот човек на Советот на јавни обвинители. Колевски вели дека процеот на ветинг треба да се спроведе, но не во период кога земјава сериозно се соочува со недостаток на судии и обвинители.

Идејата за ветинг како дел од судските реформи ја актуелизираа и премиерот Заев и министерката за првада Рената Дескоска.

Според најавите ваквиот процес сепак ќе го причека исходот од изборите следната пролет. Овој процес има огромна поддршка и од граѓаните.

Анкетата која пред речиси еден месец ја објави Детектор покажува дека високи 75% од граѓаните сметаат дека проверката на имотот на судиите и јавните обвинители е неопходна.