„Аналитика“ ќе изготвува извештаи за пристапот до информации и заштитата на лични податоци
„Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела“ е проектот преку кој истражувачи на „Аналитика“ ќе ја следат работата на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на лични податоци и преку објавување квартални извештаи.
Тимот на „Аналитика“ ќе објавува тримесечни извештаи кои ќе содржат препораки, како и финален извештај за нотираните трендови во кварталните извештаи.
- Целта е зголемена јавна контрола преку следење на работата на Комисијата и Дирекцијата за подобрување на нивните перформанси, ефективност, транспарентност како и отчетност што треба да придонесе за воспоставување отчетен јавен сектор, рече Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во „Аналитика“.
Се надеваме, додаде Лембовска, дека преку нашите активности ќе успееме да придонесеме за подобрување на состојбите.
Пол Едвардс, заменик амбасадор во Британската амбасада во Скопје, истакна дека согласно Уставот, слободниот пристап до информации и нивниот пренос се гарантирани.
- Многу е важно да се разбере како да се поддржи пристапот до информации и заштитата на личните податоци бидејќи тие меѓусебно не се исклучуваат. Улогата на граѓанското општетсво е исто така важна во однос на она што се држи во тајност и да помогне да се даде исказ зошто јавноста не треба да знае за тоа, рече Едвардс.
Проектот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје и ќе се спроведува до крајот на март 2018 год.
Ново на Сител
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција