Loading Video...
Кошарка
21. May 2022 - 22:13

Анадолу Ефес ја одбрани титулата во Евролигата

Кошаркарите на Анадолу Ефес се старо-нови владетели во Евролигата. 
 
Во финалето на завршницата чиј домаќин беше Белград тимот на Анадолу Ефес го победи мадридски Реал со 58-57 и втор пат во низа стана европски клупски шампион. 
 
Втор пат едноподруго и српскиот репрезентативец Василије Мициќ го понесе признанието МВП, откако со неговата тројка во полуфиналето му додесе триумф на Ефес над Барселона, а финалето Мициќ го заврши како најефикасен со постигнати 23 поени. 
 
Во дуелот за 3. место Барселона го совлада Олимпијакос со 84 - 74