Ана Дурловски - национален уметник за 2015 година
Ана Дурловски е добитникот на годинашното највисоко признание во областа на културата, титулата национален уметник.
Како што соопшти Министерството за култура, за титулата пристигнале четири иницијативи, од ЈУ „Младински културен центар“ за Никола Маџиров, од НУ „Македонска опера и балет“ за Ана Дурловски, од НУ „Албански театар“ за Бајруш Мјаку, како и од „Хуманитарно друштво Хендикепирано лице од Скопје“ за Ремзи Бела.
Согласно извештајот доставен од Комисија за утврдување национален уметник во состав: академик Катица Ќулафкова, академик Газанфер Бајрам, проф.м-р. Јана Андреевска, Оливер Белопета и Раде Силјан, Маџиров и Дурловски ги исполнувале општите и поединечните критериуми зацртани во законот.
- Ценејќи го творештвото на двајцата кандидати, Комисијата едногласно донесе одлука Ана Дурловски да го понесе признанието национален уметник, информира Министерството.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување