АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
- петок од 17:00 – 22:00 часот,
- сабота од 09:00 до 18:00 часот и
- недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
- петок од 15:00 – 22:00 часот,
- сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
- недела од 07:00 до 22:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин “Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија