Loading Video...
Спорт плус
6. February 2023 - 19:57

АМС ги негира обвинувањата за криминал

Македонскиот спорт го тресе афера со распределбата на ваучерите за финансиска поддршка на екипите.  По обвинувањата од страна на Антикорупциската комисија  дека директорот на АМС , Наумче Мојсоски континуирано го оштетувал државниот буџет и директниот напад од МОК за лошо менаџирање со ваучер системот, денеска реакција со соопштение на првиот човек на АМС. 

Мојсоски  и АМС во соопштението ги одбиваат овие наводи  на антикоруциската комисија  и МОК и сметаат дека се неосновани и тенденциозни.  бидејќи средствата што се распределуваат преку ваучер системот најтраспарентно стигнуваат до спортските клубови и тоа според законите и прописите. 

Од АМС информираат дека Совет за спорт, а не Комисијата која што беше посочена од Антикорупционерите ги доделува ваучерите на федерациите и спортистите.

Од Агенцијата реагираат и на тврдењата на првиот човек на македонскиот олимпизам Даниел Димевски.

-Претседателот на МОК, Даниел Димевски имаше обраќање исполнето со грст невистини. Тој јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централна комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а потоа и негов претседател и во исто време човек кој во 2020 година побарал изноес од 15 милиони евра за МОК, иако како претседател требало да биде свесен дека институцијата во тој момент не ги исполнила законските услови за регулирана спортска дејност“, тврдат од АМС.

Од Антикорупциска и МОК тврдат дека АМС не го почитува системот за поделба на ваучерите и дека тоа се работи паушално според политички а не спортски параметри.