Американските воени сили не успеале да ги заштитат Американците во Бенгази
Американските воени сили не успеале да ги заштитет четворицата Американци кои беа убиени во нападот врз Конзулатот на САД во Бенгази, се вели во извештајот на американскиот Конгрес, за инцидентот од 2012 година.
Во извештаојот, администрацијата на претседателот Барак Обама е критикувана за отсуството на заштита и за бавната реакција по нападот врз Американците.
Во овој извештај нема нови наоди за лошото работење на Хилари Клинтон, која во тоа време беше државен секретар на САД, а која сега е најверојатен кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември годинава.
Тешкиот инцидент во Бенгази подолго време фрла сенка врз работата и однесувањето на Клинтон, како член на админстрацијата на претседателот Обама, нанесувајќи и штета во досегашниот тек на избрната кампања.
Група исламистички милитанти, извршија терористички напад врз комплексот згради на САД во Бенгази, во првата година од пост Гадафи Либија. Во нападот беа убиени четворица Американци меѓу кои и амбасадорт Крис Стивенс.
Н почетокот од оваа година, Хилари Клинтон учествуваше во 11 часовното испрашување пред членовите на еден комитет во Конгресот, преземејќи ја врз себе одговирноста за нападот.
Американските воени сили на критиките реагираа со оправдување дека немале разузнавачки сознанија , за да можело доволно брзо да реагираат.
Во претходниот извештај на Конгресот се вели дека не биле соодветни безбедносните мерки на Стејт департментот, но нема обвинувањее за Клинтон, затоа што таа никогаш нема побарано намалување на безбедносните мерки за дипломатите, ниту има одбиено барање за нивна засилена заштита.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници