Американски новинар и неговиот преведувач убиени во Авганистан
Американскиот новинар и фоторепортер Дејвид Гилки и неговиот преведувач Забихулах Тамани се убиени во Авганистан, откако нивното возило упаднало во заседа.
Тие се движеле заедно со војници на авганистанската армија, кога се нашле под вкрстен оган.
Возилото во кое биле Гилки и неговиот преведувач било погодено со минофрлачка граната. Во нападот на бунтовничките сили, загинал и возачот на возилото.
Гилки (50) е ветеран на американскиот фото-журнализам и тој во текот на својата кариера ги има покривано воените дејствија во Ирак и Авганистан, по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, од 11 септември 2001 година.
Во текот на минатата година со камера и текстови ги следеше и настаните во врска со смртоносниот вирус ебола во Западна Африка.
Во 2007 година ја доби наградата „Еми“ за видео серијата за американските војници во Ирак, а во 2011 година е прогласен од Белата куќа за фоторепортер на годината.
Неговиот преведувач, Авганистанецот Тамани е исто така новинар и фоторепортер.
Ново на Сител
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ
-
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини