Американски медиуми: Бар размислува за оставка поради твитовите на Трамп
Главниот обвинител на САД Вилијам Бар им порачал на блиските роднини дека размислува да си поднесе оставка откако американскиот претседател Доналд Трамп го игнорираше неговото предупредување за објавите на социјалните мрежи за случајот во Министерството за правда, изјави за американски медиуми службеник на администрацијата.
Тоа е објавено неколку дена откако Бар јавно го критикуваше претседателот и рече за време на телевизиско интервју дека твитовите на Трамп за работата и вработените во Одделот за правда ја прават „невозможна“ работата на обвинителот.
Следниот ден, лидерот на САД го игнорираше барањето на Бар, тврдејќи дека тој има „законско право“ да интервенира во кривични случаи и да ја поткопа историската независност на Министерството за правда.
Според американски медиуми, не е познато колку бил сериозен Бар кога зборувал за оставката или за неговиот притисок врз Трамп да не објавува провокативни твитови за работата на неговото министерство.
Бар е еден од најблиските соработници на Трамп во администрацијата и е истакнат бранител на политичките одлуки на Трамп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден