Aмериканската асоцијација МекЛафин прогнозира победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите
Националната американска агенција за испитување на јавното мислење, Асоцијацијата МекЛефлин објави анкета за претстојните парламентарни избори во Македонија направена за секоја изборна единица одделно. Според резултатите, во првата изборна единица од вкупно анкетирани 1005 гласачи, 32 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 28 проценти рекле дека својот глас ќе го дадат за СДСМ, 6 проценти за ДУИ, а Алијанса за албанците би добиле 4 проценти од гласовите. 28 проценти од испитаниците се изјасниле како неопределени.
Во втората изборна единица од анектираните 991 избирач, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 26 проценти, 24 отсто рекле дека ќе гласаат за СДСМ, а ДУИ и Алијанса би добиле по 9 односно 7 проценти од гласовите.
Според анектата, во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ би освоиле 33 проценти од гласовите, а СДСМ 31 отсто. И во четвртата изборна единица според анкетата мала би била разликата во освоени гласови меѓу двете партии.
Во изборната единица 5, за ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 32 проценти од избирачите, за СДСМ 25, 7 отсто од гласовите би добиле ДУИ а 5 проценти Алијанса за албанците.
Во шестата изборна единица анкетата покажала дека најголем процент од гласовите или 26 проценти ќе освои ДУИ, Алијанса за албанците 18, ДПА четири проценти, ВМРО-ДПМНЕ 12 и СДСМ 15 проценти.
Според анектата, на прашањето за кого би гласале на претстојни избори, 29 проценти од анектираните одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 27 отсто за СДСМ , ДУИ добиле поддршка од 8 проценти од анкетираните и 6 проценти би освоиле Алијанса.
Анкетата на асоцијацијата МекЛефлин е направена минатиот месец за потребите на партијата ВМРО-ДПМНЕ на примерок од 5.901 избирач.
Ново на Сител
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција