Loading Video...
Спорт плус
30. јуни 2022 - 18:10

Американките се први финалистки на СП во ватерполо

На Светското првенство во водени спортови што се одржува во Будимпешта, се игра и завршницата на ватерполо турнирот во двете конкуренции. 

 
Кај дамите. Американките се првите кои обезбедија пласман во финалето. Тие убедливо со  14:6  ја победија Италија во првиот меч од полуфиналето. 
 
Кој ќе им биде противник на Американките во финалето ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел во кој ќе се сретнат селекциите на Холандија и домаќинот Унгарија.
 
Познати се четирите селекции кои ќе се борат за медалите на машкиот ватерполо турнир.
 
Во дербито од четвртфиналната рунда Хрватска ја надигра Србија со 14-12 и закажа дуел во полуфиналето со Шпанија, која беше подобра од Црна Гора минимално со 7-6. 
 
На разочарување на домаќините Унгарците, минимален пораз претрпеа нивните ватерполисти кои беа совладани од Италија со 11-10, па Азурите во полуфиналето ќе играат против Грција која со 16-11 ја победи селекцијата на САД. 
 
Кои селекции ќе играат во големото финале, а кои ќе се борат за бронзата, ќе дознаеме утре, за кога се закажани полуфиналните средби.