-->
-->
Американка освоила две премии на лотарија за седум дена
-->
Веројатно секој сонува да добие премија на лотарија. Но, малкумина се тие на кои им се остварил овој сон и тоа два пати во рок од една недела.
Тоа имено и се случи на 19-годишната Роза Домингез од американската сојузна држава Калифорнија.
Таа возејќи дома од Аризона на една бензинска пумпа купила неколку грепки од пет долари. На едната од нив добила премија од 555.555 долари.
- Јас бев многу нервозна, само сакав да плачам, изјави Роза.
Седум дена подоцна повторно на бензинска пумпа купила уште една гребка од државната лотарија на Калифорнија, која оовј пат и донела уште 100.000 долари.
Роза изјави дека дел од добивката од 655.555 долари планира да ги потроши на нов автомобил и шопинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден