Американците почнаа да се повлекуваат од североисточна Сирија
Американските сили почнаа да се повлекуваат од реоните во Сирија близу границата со Турција, јавија американски медиуми.
Тоа се случува откако Белата куќа соопшти дека силите на САД во североисточна Сирија ќе се повлечат и ќе го расчистат теренот пред очекуваната турска офанзива. Локалните медиумите коментираат дека тоа значи оти тие ги оставаат курдските сили со кои заедно се бореа во кампањата против Исламска држава.
Одлуката е донесена во момент кога Турција се подготвува за напади врз региони во североисточна Сирија кои се под контрола на Курдите. Според Сириските демократски сили, тоа ќе и наштети на борбата против ИД.
Евентуалната турска воена инвазија во северниот дел на Сирија ќе создаде голема можност за ИД и ќе ги сведе на нула резултатите од успешните битки кои со години се водат против џихадистичката организација, нагласуваат од СДС.
Белата куќа претходно соопшти дека американски војници нема да учествуваат во турската операција во северна Сирија и нема да бидат стационирани во близина на областа каде што ќе се спроведува операцијата. Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам изјави дека американски војници нема да поддржуваат, ниту да учествуваат во операцијата и повеќе нема да се наоѓаат во областа каде што ќе се спроведува.
Изјавата на Белата куќа дека Турција наскоро ќе нападне во северна Сирија предизвикува неизвесност за судбината на курдските борци, сојузници на САД во кампањата против групата Исламска држава, коментираат светските агенции.
Ново на Сител
-
Николоски: Доколку власта не беше раскалашена немаше да имаме 1.5 милијарда задолжување
-
СЗО: Можеби никогаш нема да го најдеме нулта пациентот
-
Апасиев за пописот: Најголемото малцинство ќе биде 28,5%, иако во реалноста резиденти се околу 18%
-
Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да наштелуваат над 32% албанско население
-
Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата
-
Се отвораат продавниците во Грција, а се задржува забраната за движење и полицискиот час
-
Собранието ја заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително
-
Држави од ЕУ сериозно загрижени поради доцнење на испораката на вакцините на „Фајзер/БиоНТех“