Кремљ: Путин прифати средба со Трамп

Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми.
-На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во наредните денови, поточно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, рече Ушаков.
Локацијата на средбата е договорена и ќе биде објавена подоцна, објасни претседателскиот советник.
Два извори вчера за „Њујорк тајмс“ изјавија дека Трамп има намера да се сретне лично со Путин следната недела, а потоа да организира тристрана средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп, според истите извори, зборувал за оваа намера за време на вчерашниот телефонски разговор со европските лидери. На состаноците ќе учествуваат само тој, Путин и Зеленски – без учество на европските лидери.
Европските лидери, кои со месеци се обидуваат да ги координираат напорите за прекин на војната во Украина и да го поддржат Киев, „се чини дека го прифатија она што го кажа Трамп“, рече еден од учесниците во повикот.
Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека има „многу добри шанси“ за средба. „Постои голема веројатност средбата да се одржи многу наскоро“, нагласи тој, иако призна дека претходно бил разочаран од развојот на настаните.
Кога беше прашан дали Путин направил какви било отстапки за да го предизвика овој развој на настаните, Трамп не откри многу. „Работиме на ова долго време. Илјадници млади луѓе умираат, претежно војници, но исто така, знаете, ракети паѓаат врз Киев и други места“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
-

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари
