Амбасадорот Тимоние во посета на компанијата „Завар“

Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние денеска ќе ја посети компанијата „Завар“ и ќе има средба со косопственичката Марта Наумовска-Грнарова, како и со претставнички на македонската мрежа на ментори, млади жени претприемачи, креатори на проекти кои ги пласираат во регионот, Европа и во светот.
- Амбасадата на Република Франција повеќе години наназад ја промовира еднаквоста помеѓу жените и мажите во општествениот и политичкиот живот. Борбата против сите форми на дискриминација врз жените е од суштинско значење за хармоничен развој на општеството во целина. Стереотипите ја попречуваат целосната еднаквост меѓу жените и мажите. Затоа, на Меѓународниот ден на правата на жените, ќе се потсетиме дека е потребно секојдневно да се грижиме за вистинска рамноправност, толку потребна во ова наше време, наведува Француската амбасада.
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
