Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио
Со почнувањето на карневалот во Рио, македонската амбасада во Бразил упати упатство до македонските туристи за мерки на претпазливост, како од заразни болести така и од криминал.
Според упатството, граѓаните се информираат дека за влез во Бразил мора да поседуваат пасош чиј рок на важност не истекува во следните шест месеци. Пред патувањето во Бразил граѓаните мора да примат вакцина против жолта треска, како и да набават таблети против
маларија, доколку патуваат во области зафатени од оваа болест.
Препорачливо е користење средства за одбивање на комарци кои се достапни во аптеките во Бразил за заштита од вируси како што се зика и денге.
Што се однесува до безбедноста во Рио, се препорачува да се посетуваат само познати туристички собиралишта и да се избегнуваат споредни улички и локали. Во случај на евентуален напад, се препорачува да не се дава отпор, поради подготвеноста на криминалците да употребат оружје против своите жртви.
Исто така, амбасадата препорачува пасошот да се чува во хотелскиот сеф, додека туристите со себе да носат само колор фотокопија од страницата на пасошот каде се фотографијата и личните податоци. Препорачливо е и за плаќање да се користат картички, кои се широко користени во Бразил, место да се носат поголеми суми пари со себе.
Во случај на потреба, македонската амбасада може да се контактира на телефоните +556132562939 и +5561982761850, како и електронски, на brasilia@mfa.gov.mk и ivica
Амбасадорот Ивица Боцевски вели дека при годинешниот карневал, на
градоначалникот на Рио ќе му биде врачен вевчански пасош, како симболична врска со најпознатиот македонскиот карневал.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија