Амбасадата на САД за „Двојник“: Тесно соработуваме со МВР, но не коментираме истраги што се во тек
Не коментираме истраги што се во тек. Амбасадата на САД има тесна соработка со Министерството за внатрешни работи, како и со другите владини министерства и институции во Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот, истакнаа од Амбасадата на САД.
Одговарајќи на прашање на „360 степени“ за случајот „Двојник“ за незаконското издавање пасоши со украден идентитет, од Амбасадата на САД во земјава додадле дека во тесна соработка со министерствата за внатрешни работи и правда, обезбедуваат техничка помош, форензика, обука и опрема за да се подобрат капацитетите за спроведување на законите и на правосудните институции.
– Овие активности придонесуваат за национална и регионална безбедност преку зајакнување на граничната безбедност, транспарентноста и можноста да се истражуваат и да се гонат корупцијата, тероризмот и случаите на организиран криминал, нагласија од Амбасадата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека „Двојник“ е меѓународна акција, на која нашата полиција работела со поддршка од Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при Амбасадата на САД во земјава, како и Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион и Интерпол во Скопје.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес