Амбасадата на ЕУ во Израел жртвата на вандализам од екстремната десница
Европската Унија најстрого го осуди чинот на испишување навредливи пораки врз ѕидовите од нејзината амбасада во Тел Авив и побара брза истрага од страна на израелските власти.
Европската амбасадорка во Израел, Емануел Жофре, на Твитер го квалификуваше нападот како “заканувачки“ и “очајнички“.
Израелските медиуми објавија видео снимки во кои една од напаѓачите, Шефи Паз, и се обраќа на ЕУ порачувајќи да “престане да субвенционира терористи и да финансира илегална имиграција, во спротивно заминете си од Израел“.
Израелските власти најавија дека полицијата го истражува случајот како вандализам.
Поддршка за ЕУ дојде и од Обединетите Нации, чиј претставник за Блискиот Исток, Николај Младенов, на Твитер порача дека поттикнувањето насилство не смее да се дозволи и мора да биде осудено.
Во вторник во Израел ќе се одржат клучни парламентарни избори, на кои екстремната десница очекува да постигне убедливи резултати.
Ново на Сител
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември
-
Каевски ја оперирал ногата, судењето за спортски ваучери се одложи