Амбасада на Украина: Србија да ја повика Русија да престане со агресијата, како што ние направивме во 1999 година

Амбасадата на Украина во Белград соопшти дека Украинците би сакале на веб-страницата на Собранието на Србија да го видат повикот до Русија да ја прекине агресијата врз таа земја, слична на онаа што ја објави Парламентот во Киев за време на бомбардирањето на СР Југославија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во соопштението по повод Денот на украинската државност, кој се слави на 28 јули, амбасадата наведува дека Украина во 1999 година „гласно го повика светот“ да престане со бомбардирањето на СР Југославиј, и преку соопштение на веб-страницата на Парламентот, Врховната Рада.
– Обраќањето на Врховната Рада на Украина по тој повод беше објавено на веб-страницата на нашиот Парламент. Дали Украинците би сакале да видат слично обраќање за поддршка на Украина на веб-страницата на Парламентот на Србија? Да. А, дали навистина ќе го видат е прашање на нашите српски партнери, соопштија од украинската амбасада.
Амбасадата наведува и дека оваа година Денот на украинската државност за последен пат ќе се слави на 28 јули, а од следната година ќе биде на 15 јули, поради преминот на сметање на времето на Православната црква на Украина и Украинската грчко-католичка црква на новојулијанскиот календар.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
-

Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
