Алонсо: Немаме право на грешка на реваншот
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, рече дека неговиот тим е разочаран поради синоќешниот пораз од Рома во првиот полуфунален натпревар во Лига Европа, но додаде дека одлуката за патникот во финалето ќе се носи на реваншот во Германија.
Рома пред своите гледачи на стадионот „Олимпико“ го совлада Баер Леверкузен со 1-0 со голот на Едоардо Бове во 63 минута, додека вториот италијански полуфиналист Јувентус со голот на Федерико Гати во завршните секунди од натпреварот во Торино одигра 1-1 против Севиља, откако шпанскиот тим поведе преку Јусеф Ен – Несини во 26 минута.
„Не сме задоволни од овој резултат – не сакавме да загубиме“, изјави Алонсо на прес – конференцијата по натпреварот меѓу Рома и Баер Леверкузен.
„Сепак, свесни сме дека идната недела ќе имаме нова шанса и знаеме што треба да направиме. Мораме да победиме во реваншот. Немаме простор за грешка“, рече Алонсо.
Во двата полуфинални натпревари во Конференциската лига, Базел забележа гостински победа од 2-1 против Фиорентина, додека Вест Хем со истиот резултат пред своите гледачи стекна почетна предност пред реваншот против холандски АЗ Алкмар.
Ново на Сител
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител