Македонија
20. October 2023 - 8:13

Алиу на средба со претставници на бизнис заедницата и стопанските комори

Во Клубот на пратеници денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи средба со претставници на бизнис заедницата и на стопанските комори.

Како што информираат од МИОА, на средбата ќе се дискутира за актуелните проблеми и предизвици со кои што се соочуваат државните институции.

Од Министерството наведуваат дека по завршување на средбата, министерот ќе одржи прес-конференција во врска со Ревизорскиот Извештај во однос на тендерските постапки и состојбите во Министерството за информатичко општество и администрација.