Алијансата за Албанците бара привремено да се ослободат затворениците
Алијансата за Албанците бара привремено да се ослободат затворениците и да се изврши контрола и тестирање на сите затвореници од корона вирусот.
Освен тоа, од Алијанса бараат подобрување и одржување соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите, како и откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видео разговори и телефонски разговори секогаш кога е можно.
„Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат. Не смееме да заборавиме дека затворениците се луѓе, родители, и имаат семејство и тие имаат права и заслужуваат еднаков третман во овој период на пандемија. Ваквата појава не само што може да зарази стотици луѓе во затворот, туку потенцијално би можело да го шири вирусот и до казнено-поправниот персонал“, се наведува во соопштението од Алијанса.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат