Албанскиот парламент ја ратификува Спогодбата за отворање македонски КИЦ во Тирана

Албанскиот парламент на денешната попладневна седница ја ратификува Спогодбата за отворање Македонски културно – информативен центар во Тирана.
На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната поддршка за отворање вакви центри.
-Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави, рече Стерјовски.
![]()
Додаде дека овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.
-Интересот на нашата земја е да ги интензивира добрососедските односи со Македонија на реципрочна основа во политики, економски и културен план како и во областа на заштитата на албанската заедница во Македонија и македонската заедница во Албанија. Македонците во Албанија и Албанците во Македонија се мост на соработка и братство во албанско-македонските односи, врз основните принципи на меѓународното право засновано на еднаква сувереност, посочи Стерјовски.
Нагласи дека двете држави заедно се движат по европскиот пат и оти голема е надежта дека во март оваа година ќе започнат преговори за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
