Албански медиуми: Пратениците во Скопје едногласни за членството во НАТО
Медиумите во Албанија отстапија простор во известувањето за ратфикацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на македонскиот парламент. Во вестите посебно се нагласува фактот дека протоколот е изгласан со 114 гласови „за“, ниту еден против и оти знамето на НАТО е подигнато и се вее пред Парламентот.
Притоа, без исклучок, главната констатација е дека „народните избраници независно од партиската припадност едногласни во подршката на Протоклот за членство во НАТО“.
Се потсетува дека Албанија го ратификувала пристапниот Протокол во февруари минатата година и оти е меѓу првите земји што го направила тоа, како добар сосед и пријател.
Се издвојува дел од изјавата на собранискиот спикер Грамоз Ручи кој по изгласувањето искажал задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој документ и оти Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент. Се посочува исто така дека „ова не би било можно без политичката волја, храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија“.
Медиумите пренесуваат делови од обраќањата во македонскиот законодавен дом, додавајќи дека Северна Македонја веќе е 30-та членка на Северноатлантската алијанса зашто останува ратификацијата само од Шпанија.
Дел од нив наведуваат дека Северна Македонија требало да биде примена во НАТО заедно со Албанија и Хрватска, но поради ветото од Грција во спорот за името, тоа го оставрува сега, по потпишувањето на Преспанскиот договор.
Ново на Сител
-
Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала
-
124 санкционирани возачи во Скопје
-
На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата
-
Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност
-
Руски напади во западните региони на Украина
-
Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба
-
Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер
-
За викендот сончево и топло