Албанската опозиција го бојкотира Парламентот заради отстранувањето на Сали Бериша од неговата работа
Главната опозициска партија во Албанија - Демократската партија, повторно одлучи да го бојкотира Парламентот како одговор на отстранувањето од работата на законодавниот дом на нивниот поранешен лидер Сали Бериша, пренесоа американските медиуми.
Демократите денеска соопштија дека следните 10 дена ќе ја бојкотираат работата на Парламентот, откако законодавниот орган го отстрани Бериша на 10 дена затоа што го обвини премиерот Еди Рама за врски со криминалци, обвиненија кои Рама ги демантира.
Бериша минатиот месец беше изведен пред суд од владеачката Социјалистичка партија затоа што повика граѓаните да се вооружат.
Бериша и демократите ја засилија својата агресивна реторика против владеачките социјалисти, што може да доведе до одлагање на клучната судска реформа, на која инсистираат ЕУ и САД. Реформата е неопходна за да може Албанија да ги почне преговорите за полноправно членство со 28-члената Унија.
Ново на Сител
-
Касами: Потребно е дополнително прецизирање за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа
-
Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Делчево - Пехчево
-
Верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи
-
Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава 12,9 проценти
-
Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април
-
Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП