Македонија
25. January 2019 - 16:20

Албанската опозиција бара предвремени избори

И Албанската опозиција бара предвремемни избори кои би се одржале заедно со претседателските избори во април и мај. И Алијансата на Зијадин Села и БЕСА на Касами сметаат дека на изборите би освоиле повеќе пратенички места од тоа што сега ги имаат во парламентот.

- Шарена револуција викаа нема правда, нема мир. Сега има мир, нема правда, затоа треба да има избори да се исчисти државата од политичари кои си носат закони за себе да не одговараат за своите криминали. Само така ќе дојде правдата која се најавуваше. изјави Села

- Ако власта сака да распише избори нека се изјасни затоа што нема да има време да се организираат заедно со претседателските односно постојат законски обврски за пржинска влада, вели Зендели.

Иако се блиски со ставовите и двете партии се уште не договориле соработка за претседателските избори, но не ја исклучуваат ваквата можност.  Села смета дека е време  Албанец да биде претседател на државата, но го исклучи своето име од претседателската трка. Во опозциската БЕСА  размислуваат дури и на соработка со граѓански организации.

И Алијансата и Беса се против консензуален кандидат како што го замислуваат владејчките СДСМ и ДУИ.

 „Консензуалноста треба да се реши со Устав и тој треба да се избере во Собрание. Ова им одговара само на ДУИ за да се скријат од својот срам, за работите што ги направија во изминатите години. Тогаш и Ѓорчев би можел да биде консензуален кандидат, зошто да не?“, рече Села 

-“Предлогот на СДСМ и ДУИ е колициски догворо, а не консензулаен кандидат. „Консензуален е кога ќе се договорат сите партии и од власта и од опозицијата. Затоа за нас оваа идеја е неприфатлива“

Владејачката ДУИ остануваа на идејата за консензулаен кандидат со СДСМ, но се упште нема постигнато догвор за заедничко име.

- Начелно имаме прелиминарен договор со СДСМ дека на овие избори ќе излеземе со заеднички кандидат. Сме разговарале и за одредени имиња за кои се шпекулира во јавноста, меѓутоа немаме договор досега во однос на тоа кој ќе биде кандидатот. Очекуваме да разговараме и за конкретни имиња, меѓутоа ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседател, изјави Османи

Како консензулани кандидати кои ги спомнуваат функцинери на ДУИ се Денко Меалески, Лазар Еленовски, Владо Поповски и Луан Старова.

Партијата на Ахмети, начелно е против предвремени парламентарни избори бидејки тоа ќе значи кочење на аевроатланската интеграција.

-Даваме порака до сите политички партии дека сега е време за фокус на реформската агенда и започнување на преговори оваа година, рече Османи

Сепак, крајната одлука партија на Ахмети ќе зависи од одлуката з аизбори на владиниот партнер. Ако СДСМ се реши да оди на избори, ДУИ нема да биде против, вели Османи.