Албанија ќе го преземе од Северна Македонија претседавањето со САД-Јадранската повелба
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе претседава со завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5) со кој се заокружува претседавањето на Северна Македонија со А5 за 2023 година.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат достигнувањата и иднината на Повелбата како и актуелните состојби во Западен Балкан.
Во иницијативата, покрај Северна Македонија, земји - членки се и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, додека Косово, Словенија и Србија имаат статус на земји-набљудувачи. Посебна политичка тежина на иницијатива дава членството на нашиот стратешки партнер, САД.
Согласно воспоставениот принцип на ротација, во 2024 година претседавањето со САД-Јадранската Повелба ќе го преземе Република Албанија.
Пред состанок на Партнерската комисија заедничка прес - конференција ќе одржат шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговиот албански колега Игли Хасани.
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци