Алатката „Локален избор“ достапна и по првиот круг

Алатката за информирање на гласачите Локален избор(www.lokalenizbor.mk) ќе продолжи да биде достапна и во корист на граѓаните и по првиот круг на гласањето.
Во три од петте фокус општини, кои се пфатени со алатката ќе има гласање и во втор круг на 29 октомври, во Чаир, Росоман и Струга.
Освен овие општини алатката беше достапна и во Аеродром и Струмица, каде градоначалници беа избрани во првиот круг на гласање.
Во изминативе три недели тимот на Локален избор направи повеќе од 30 презентации во сите фокус општини и тоа непосредно со граѓани, целно во урбани заедници, на универзитети, со средношколци што наполниле 18 години, како и се пензионери, со цел информирано гласање и подобра информираност за програмите и ставовите на кандидатите и партиите кои учествуваат на локалните избори.
Институтот за истражување – Импакт ќе објави анализа на податоците по завршувањето на изборните трки.
Алатката Локален избор ја креираше Институтот за истражување Импакт, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
