Алармантен број алкохоличари во Иран без разлика на забраната

Полицијата во Техеран во претходните 12 месеци уапсила 2.900 возачи во алкохолизирана состојба, изјави денеска висок полициски официјален претставник.
Тој истакна дека „и покрај исламската забрана за конзумирање алкохол, бројот на пијани возачи е алармантен“.
Алкохолот е забранет во Иран од револуцијата во 1979 година, а оние кои го прекршуваат законот можат да бидат парично казнети, приведени или осудени на затворска казна.
Само христијанското малцинство во Иран има право за производство на вино за верски цели.
Зголемената побарувачка за сите видови на алкохолни пијалоци го зголемила и шверцот на алкохол од Ирак и Турција.
Според официјалните податоци, во Иран има 200.000 алкохоличари, додека повеќе од еден милион Иранци редовно конзумираат алкохол.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
