Ал Сиси во убедливо водство на претседателските избори во Египет
Нецелосните резултати од претседателските избори во Египет, што се одржаа изминативе три дена, укажуваат дека актуелниот египетски претседател Абдел Фатах Ал Сиси има убедливо водство и речиси сигурно ќе биде реизбран на функцијата.
Според досега преброените гласачки ливчиња, Ал Сиси освоил над 96 отсто од важечките гласови, а неговиот единствен противкандидат Муса Мустафа Муса добил околу три проценти.
Конечните резултати од изборите се очекува да бидат објавени в понеделник. Право на глас на изборите имаа околу 60 милиони Египќани.
Изборите минаа во атмосфера на обвинувања за поткуп на избирачите од страна на властите за да излезат на гласање.
Ал Сиси и Муса, кој е поддржувач на политиката на претседателот, беа единствени учесници на претседателските избори, отакако остантите сериозни противкандидати беа уапсени или принидени да се повлечат од трката.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс