Свет
7. December 2017 - 20:14

Ал Каеда ја осуди одлуката на Трамп за Ерусалим

Исламистичката милитантна група Ал Каеда за Арапскиот Полуостров ја осуди американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и ги повика своите борци да ги „збијат редовите“ во знак на поддршка за Палестинците.

Одлуката на  американскиот претседател Доналд Трамп е „јасен предизвик за муслиманскиот свет“, оцени Ал Каеда.

Терористичката групација ги повика исламистичките милитанти да ги „збијат редовите“  и да бидат подготвени да ги поддржат Палестинците, а муслиманите ги повика да помогнат со пари и оружје.