Активни 12.893 сличаи со Ковид-19, средношколците од Тетово и Гостивар до 20 септември ќе следат онлајн настава
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893. Поради состојбата со епидемијата Владата одлучи наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20 септември.
Владата на вчерашната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.
Од Министерството за здравство соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.728 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.424. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.
Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.
Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од МЗ.
Ново на Сител
-
Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Трамп: Мислам дека Русија по грешка го гранатираше центарот на градот Суми
-
Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома
-
Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
-
Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД
-
Без струја делови од четири скопски општини
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос