-->
-->
Ако Рим ја добие Олимпијадата, фудбалскиот турнир ќе се игра во 11 града
-->
Олимпискиот комитет на Италија соопшти дека во рамките на кандидатурата на Рим за домаќин на летната Олимпијада во 2024 година, се уште десет града, во кои ќе се организираат натпревари од фудбалскиот турнир.
Покрај Рим, планот е домаќини да бидат и: Милано, Торино, Верона, Џенова, Болоња, Фиренца, Наполи, Бари и Палермо.
Италијанскиот олимписки комитет планира четвртфиналните и полуфиналните натпревари во машка и женска конкуренција да се играат во Милано и Наполи, додека финалињата во двете конкуренции ќе се играат на Олимпискиот стадион во Рим.
„11 града, 11 стадиони... Од овој момент кандидатората на Рим за ОИ 2024 година, станува кандидатура на целата држава, Италија’’, изјави за тамошните медиуми, Довани Малаго претедателот на Олимпискиот комитет на Италија.
Сепак, Рим ќе има голема конкуренција да ја добие организацијата на ЛОИ 2024. Покрај престолнината на Италија за домаќини на олимпијадата досега кандидатури поднесои и Париз, Будимпешта и Лос Анџелес.
Кој ќе ја добие организацијата Интернационалниот олимписки комитет ќе реши во септември 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите