Балкан
14. August 2016 - 18:55

Ако патувате во Србија, ова мора да го знаете

Една од првите одлуки на новата влада на Србија ќе биде за поскапување на патарините за околу 10 отсто, дознава Блиц

Оваа не баш популарна мерка која требало да биде донесена уште во февруари годинава, е одложена поради изборите, а за „Патишта на Србија" е нужност бидејќи цените не се променети од 2008 година.

Според нивните проценки во касата на компанијата од оваа корекција би требало на годишно ниво да влезат 1,8 милијарди динари повеќе за одржување на патиштата.