Ако ова не го знаете, се се ни обидувајте да задоволите жена
Еве како жените го замислуваат совршениот љубовник! Нормално, мора да постои и привлечност, односно некоја хемија, но покрај тоа без овие карактеристики нема да ја задоволите вашата поубава половина.
Се прашувате ли како да најдете совршен сексуален партнер? Иако е тешко да се најде потполно компатибилен партнер за секс, факт е дека повеќето парови немаат поим какви карактеристики би требало да поседуваат тие или нивните партнери за да добијат совршен спој на секс.
Кога покрај себе имате неверојатен љубовник ( мислиме на личноста со која водите љубов, а не оној со кој го изневерувате партнерот) можете повеќе да се концентрирате на сексот, наместо да се грижите дали сте со вистинската личност. А кога зборуваме за совршен љубовник, атрибутите како што се висина, тежина, години, однесување и слични- не се важни, бидејќи во оваа ситуација тие немаат допирна точка со сексот. Она што е важно е дека таа личност ви одговара и дека меѓу вас постои жешка хемија.
Идејата за совршен љубовник варира од личност до личност, но она што е важно се сексуална активност, склоноста кон експериментирање, хигиената и слично, објаснува доктор Кирти Мишра, клинички психолог и експерт за врски.
Ако мажот ги поседува овие квалитети, жените не го пуштаат од кревет. Еве кои се тие универзални карактеристики кои мора да ги поседува совршениот љубовник.
Внимава на хигиената
Сите сакаат секс со чист партнер, па хигиената е важен детаљ во сексуалната врска. Личноста која внимава на се, од чисти нокти до депилирани зони, секако е некој кој мора да го задржите со себе. Запаметете, влакната не се пријатни, а исто така и смрдеата.
Оралниот секс секако не смее да биде проблем
Секој има свои афинитети, па совршениот партнер во кревет не смее да се двоуми околу тоа дали може да ви пружи се во што вие потполно би уживале. Ако не секогаш, оралниот секс би требало да се случи тогаш кога вашиот партнер ќе биде расположен за тоа. Бидете спремни за експериментирање и испробајте нови трикови за да ја возбудите вашата драга.
Див во кревет
Интимата и страста лесно ќе ги снема доколку имате досаден партнер кој води љубов тукутака. Погрижете се тој или таа да направи се за да го достигнете врвот. Партнерите кои се спремни за испробување на нови работи во креветот секако се бонус. Од валкани разговори, преку чоколадни купки и испробување на нови пози и локации...
Секси фигурата може да направи чуда
Иако проблемот со килограмите треба да биде занемарлив во спалната соба, природно е да барате партнер кој нема голем стомак. Ако сте во добра форма и самите ќе бидете пофлексабилни и отворени, па дури и посамоуверени во кревет. Исто такак, ако при погледот на полуголиот партнеер не можете да мислите на ништо друго, освен на секс, знајте дека сте на добар пат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени