Македонија
17. September 2019 - 13:21

Акциски план за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021

Зголемување на должината на велосипедската мрежа за 50% во 2021-та во споредба со 2018 година, создавање на велосипедска инфраструктура, како и зголемување на патувањата со велосипед.

Ова е само дел од акцискиот план за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021, презентиран денеска во град Скопје.

Планот предвидува и финансиска поддршка во насока на обезбедување на субвенции за купување велосипеди, но и формирање на работна група за унапредување на велосипедскиот сообраќај.

Градот води постојана борба и со непрописно паркираните возила на велосипедските ленти, истакна на презентацијата на планот градоначалникот Петре Шилегов.

Планот е промовиран во рамките на Европската недела на мобилност, а треба да биде усвоен на седница на Советот на градот во четврток.

Горан Симоновски