-->
-->
Акција за вдомување на бездомните кучиња од Пехчево во Италија
-->
Откако во Пехчево во изминатите две недели масовно се труеја животни, а досега не е откриен сторителот, Здружението за заштита на животните „Про анима“ од Берово и Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, со поддршка на италијанско здружение, започнуваат акција на вдомување на дел од бездомните кучиња од Пехчево во Италија.
-По серијата труења на животните во Пехчево, а со оглед на фактот дека опасноста од нови труења со отров секојдневно им се заканува и не запира, сметаме дека животот на животните во Пехчево е загрозен во секој момент и затоа со помош на граѓаните покренуваме акција за нивно згрижување во Италија. За секое од кучињата што ќе бидат селектирани за вдомување, потребно е да обезбедиме вакцини, чип, стерилизација, со цел добивање сертификат, потребен да поминат граница, информираат од здружението „Про анима“.
Со цел за непречено траење на постапката за добивање на сертификат, како што дополнуваат од „Про анима“ потребно е привремено сместување на кучињата во Пехчево или Берово, кое би траело отприлика месец дена.
Од беровското здружение за заштита на животните апелираат до граѓаните доколку имаат интерес за згрижување на кучиња скитници за период од еден месец да ги контактираат, се со цел оваа акција понатаму да завши успешно и бездомните кучиња во соработка со италијанското здружение за заштита на животните да бидат вдомени таму.
Последниот случај на труење животни во Пехчево е забележан пред три дена, по што од „Про анима“ се решија на ваков чекор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра