-->
-->
Акција за собирање кабаст отпад во Чаир
-->
Општина Чаир и ЈП Комунална хигиена утре и задутре ќе спроведат акција за собирање и отстранување стари апарати од бела техника, телевизори, мебел,...ЈП Комунална хигиена ќе го собере кабастиот отпад без материјален надомест, а одлагање на друг отпад не е дозволено.
Домаќинствата кабастиот отпад наменет за фрлање треба да го остават пред влезот на куќите и дворовите или во непосредна близина на станбените згради во периодот од 7 до 9:30 часот. Отпадот не смее да го попречува движењето на возилата и пешаците.
Утре ќе се собира кабастиот отпад во населбите Тенеќе Маало, Топанско Поле, Стар Чаир I, Стар Чаир II и Дижонска, а задутре во Гази Баба, Серава, Стара Топана, Саат Кула, Бит Пазар и Дуќанџик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза