Акција за собирање електричен отпад во Долно Лисиче
Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, денеска ќе реализира еко - акција за собирање електронски и електричен отпад во месната заедница „Долно Лисиче“.
Од општината ги повикуваат граѓаните пред оваа месна заедница од 12:00 до 14:00 часот да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи. Под електричен отпад, пак, се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Порано овој месец акција за собирање електричен и електронски отпад се одржа во урбаната заедница „Горно Лисиче (југ)“.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место