Акција за чистење на Матка
Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ денеска организира промотивна акција за чистење на Матка, како најава за националната акција за чистење, која ќе се одржи в сабота на 150 локации во 50 општини низ Македонија.
Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
Со тоа Македонија се вклучува во глобалната акција „Let do it world“, поддржана од Европскиот Парламент и спроведена во 127 земји во 2015 година.
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци