АХВ: Во Македонија нема „африканска свинска чума“, но се преземаат мерки за заштита
Во Македонија нема африканска свинска чума, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Сепак, АХВ ги зголемува безбедносните мерки заради ширењето на оваа болест бидејќи веќе е проширена во Бугарија, Романија и други држави од Источна Европа.
Од АХВ апелираат граѓаните кои патуваат да не внесуваат во земјава храна од животинско потекло, а одгледувачите да не ги одгледуваат свињите на отворено.
АХВ презема повеќе безбедносни мерки. Воведе и забрана за увоз, но презема и едукативни мерки за одгледувачите, ја интензивира соработката со сите институции со цел состојбата да се држи под контрола.
Поради годишните одмори и поголемата фрекфенција на патници, АХВ бара од Царинската управа зголемени контроли на багажот на патниците. Потпишано е решение за контролирано убивање на дивите свињи и испитување на мострите од убиените диви свињи бидејќи тие се најчест преносител на вирусот.
Болеста африканска свинска чума не е опасна за лугјето, но го уништува добитокот. Болеста се појави во 2007 година во Казахстан.
Се шири најчесто преку дивите свињи, но е доста раширена низ Источна Европа. Зголемените мерки, според АХВ ќе го намалат и контролираат движењето на болеста.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва