АХВ спроведува превентивна вакцинација на животни против антракс после повеќегодишна пауза
По повеќегодишна пауза АХВ почна со превентивна вакцинација на животни против антракс. Оваа превентивна активност е согласно годишната наредба за здравствена заштита на животните, а ќе се спроведува до 17 ноември на во повеќе потенцијално ризични места.
-Агенцијата за храна и ветеринарство по подолгогодишна пауза започна со превентивна вакцинација на говедата, овците, козите, копитарите и свињите против антракс во населени места во епизоотиолошките единици Велес, Зајас, Прилеп, Пробиштип и Сарај најдоцна до 17 ноември. Носителот на одобрението за ставање на промет на вакцината ВАКЦИНА ПРОТИВ АНТРАКС/ANTHRAX VACCINE ја набави и истата ја дистрибуира до надлежните ветеринарни друштва во дистриктите каде што ќе се врши превентивна вакцинација. Трошоците за вакцинацијата против антракс се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2025 година, изјави Оливер Миланов, директор на АХВ.
Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори– Bacillus anthracis. Иако претежно ги зафаќа само домашните и дивите животни можат да се заразат и луѓето преку контакт со заразени животни, информираат од АХВ.
-Инфекцијата обично се јавува преку контакт со кожата, вдишување или цревна апсорпција. Почетокот на симптомите се јавува помеѓу еден ден и повеќе од два месеци по инфекцијата. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата, вели Миланов.
Како што објаснува директорот на АХВ , Антраксот се шири преку контакт со спорите на бактеријата, кои често се појавуваат во заразените производи од животинско потекло.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
